fbpx
5 C
Skopje

Ретко видено, си подадоа рака: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи иницијативата на СДСМ

АКТУЕЛНО

ВМРО ДПМНЕ ќе ја поддржи иницијативата за автентично толкување во Законодавниот дом на членот 11а од Законот за помилување што ја покрена СДСМ.

Да се направат законски измени со кои ќе се забрани секое лице кое ќе добие амнестија да се занимава со политика или да врши јавна дејност и да се донесе решение за забрана да се аболицираат лица кои се занимаваат со политика се двете барања кои лидерот на ВМРО ДПМНЕ Хрисијан Мицкоски ги соопшти.

Тој рече дека овие барања не се условени со иницијативата која ја поднесе СДСМ до Собранието за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување. Мицкоски и денеска повтори дека е против помилувањето и кажа дека ВМРО ДПМНЕ ќе ја поддржи секоја иницијатива поднесена во Парламетнот се со цел за да се стави крај на злоупотребата на аболицијата.

Од СДСМ пак велат дека Мицкоски трет ден тактизира и не ги повикува пратениците да го поддржат автентичното толкување во Собрението. Од владејачката партија велат дека нема да дозволат амнестии.

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски претходно упати дека иницијативата за автенитчнно толкување СДСМ има грешка.

За оваа иницијатива Уставниот суд има рок од триесет дена да се произнесе, а веќе во среда ќе се разгледува и иницијативата за преиспитување на Законот за амнестија врз основ на кој беа амнестирани инволвирани лица во упадот во Собранието од 27ми април, меѓу кои се и петмината пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Трчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -