4 C
Skopje

Роберт Поповски од Трибината Агенда 20-24: Оваа влада е најтранспарентна влада досега, алатката за отчетност на функционерите заштеди 10 милиони евра

АКТУЕЛНО

Оваа влада е најтранспарентна влада досега, од првиот ден ги стави пред јавноста сите свои политики, истакна Роберт Поповски министер за комуникации, транспарентност и отчетност на Трибината Агенда 20-24 на тема Отворена власт, во организација на СДСМ.

„Воведовме алатка за отчетност за трошоци на функционерите, со која трошоците на носителите на јавни функции се намалија за 3-4 пати во однос на претходната влада, односно 10 милиони ерва“, истакна Поповски

Тој додаде дека оваа алатка со закон ќе ја направиме да биде задолжителна и за градоначалниците, и за пратениците, и за судската власт – се покажа дека отчетноста ги тера функционерите да штедат, а тие пари одат кај граѓаните

„Ја обезбедивме слободата, и сега треба да ја сочуваме, бидејќи 11 години режим создадоа многу проблеми, но слободата на говорот и изразувањето се столб на оваа и на секоја идна влада, а тоа подразбира и критика“, нагласи Поповски

Треба да се бориме против лажни вести со медиумска писменост, а ние за жал како граѓани сме на дното по препознавање на лажни вести, истакна Поповски, додавајќи дека треба да се подобри квалитетот на новинарскиот производ.

Имаме уште многу да работиме за да бидеме уште подобри истакна Роберт Поповски министер за комуникации, транспарентност и отчетност на Трибината Агенда 20-24 на тема Отворена власт, во организација на СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Сведоштво: Ако ја знаете голготата на болните од корона ќе знаете зошто има толку многу починати

Ако воопшто сте се запрашале зошто имаме толку голем број на заболени, како и огромна смртност, доволно е само да прашате некој од пациентите...

Нови 640 случаи на Ковид-19, 2,634 тестирања се последните резултати во државата

Нови 640 случаи на заразени со коронавирусот 2 634 тестирања, 12 лица починати и 143 пациенти оздравени, е билансот од претходното деноноќие. Починатите 12...
- Advertisement -