fbpx
24.8 C
Skopje

Родител физички се пресметал со професор од скопско училиште

АКТУЕЛНО

Професор од скопското средно училиште „Методи Митевски – Брицо“ бил физички нападнат од страна на родител, поради тоа што предходно го искарал неговото дете од час.

„Вчера во 13 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје М.Н.(40) пријавил дека истиот ден околу 11 часот во средното училиште „Методија Митевски-Брицо“ повеќе пати предупредил ученик дека го нарушувал часот со неговото однесување и од страна на М.Н. бил отстранет од час.

По завршување на часот М.Н. му укажал во иднина да не влегува на час ако планира да ја нарушува наставата, а ученикот почнал вербално да се заканува по што од страна на обезбедувањето ученикот бил отстранет од училиштето.

Во 12:10 часот во училишниот двор пријавителот го забележал родителот на ученикот кој го повикал да зборуваат и откако му било укажано на истиот дека неговиот син бил проблематичен физички го нападнал М.Н.. Се работи на целосно расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -