fbpx
18.8 C
Skopje

Родителите на убиените момчиња во Смилковско обвинија дека се играат матни игри по одложување на денешното рочиште

АКТУЕЛНО

Откако им беше соопштено дека денешното рочиште во случајот Монструм се одложува поради боледување на судијата, родителите на убиените деца жестоко реагираа во судница, обвинувајќи дека се играат матни игри и дека намерно се одложува сведочењето.

-Претходно се разболе судијата Ивица Стефановски и го легнавте во кревет, кога требаше да се соопшти пресудата, но прво се чекаше ВМРО- ДПМНЕ да направи влада со ДУИ, а сега се разболе судијата Шабани. Продолжувате со истите игри од преходно, револтирано реагираа родителите.

Горан Наќевски повторно прстот го впери кон премиерот Зоран Заев, кој како што потсети, им ја ветил вистината.

-Вие ни ја ветивте вистината ама тука има еден центар на моќ кој управува со судот. Предлагам да ги сослушате мајките за да ви кажат што им ветувал Заев. Ние веруваме дека ова е контролирано од тој центар и шесте функционери на ДУИ, кои се кријат како државна тајна, реагираше Наќевски.

Судијата Ставрев ги убедуваше дека тие не се под никаква контрола.

-Нема никакви игри. Мислите мене ми е лесно, но виша сила е што се разболел колегата, истакна судијата Ставрев.

Наредното рочиште е закажано за 22 август кога конечно треба да се слушне сведочењето на загрозениот сведок.

Извор: Фокус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -