fbpx
18 C
Skopje

Рокот е пред самиот истек: Дали Груевски ќе состави влада?

АКТУЕЛНО

За мандатарот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес е последниот ден од рокот за составување на влада. Во ДУИ веќе втор ден се водат маратонски состаноци кој сеуште не завршиле со договор, а кои продолжија и попладнево.

Централното претседателство на чело со лидерот на ДУИ Али Ахмети ги анализираат сите опции, со цел, како што велат од таму, да се донесе најдобрата одлука во корист на Албанците и на сите граѓани на Македонија.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ најавија дека нема да направат никакви отстапки што се однесува до рокот за продолжување на СЈО. Од ВМРО-ДПМНЕ јасно ставија до знаење дека за нив, е апсурдно да се продолжи рокот на СЈО, бидејќи според нив, истото е политичка алатка која ги исполнува желбите и нарачките од СДСМ, додека од друга страна, ДУИ најави продолжување на рокот односно мандатот на СЈО, истовремено најавувајќи дека платформата на албанските политички партии останува единствениот услов кој мора да биде исполнет за тие да можат да прифатат било каква влада.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев доцна синоќа додека го напушташе седиштето на СДСМ не сакаше да ги коментира средбите на неговата партија со претставници од ДУИ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -