fbpx
21.8 C
Skopje

Роналдо – Атлетико 3:0

АКТУЕЛНО

Фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо постигна хет трик на вечерашната победа на својот тим над 3:0 над градскиот ривал Атлетико Мадрид, во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Првиот гол беше постигнат во 10. минута, кога Касемиро налета на одбиена топка и од десната страна на шеснаесетникот центрираше во средина, каде се најде Роналдо кој со глава ја смести топката во мрежата  на Јан Облак.

Во второто полувреме имаше помалку возбуда отколку во првото, а на теренот ништо посебно не се случуваше се до 73. минута, кога Марсело центрираше до Карим Бензема, кој ја додаде топката до Кристијано Роналдо, кој со јак удар го зголеми водството на Реал на 2:0.

Атлетико во понатамошниот период од натпреварот се обиде да биде офанзивен, но набргу ја плати таа своја „офанзивност“ кога после еден контра-напад Роналдо дојде до шестнаесетикот на Атлетико, ја додаде топката до Лукаку, кој во пад повторно ја врати топката кај Кристијано кој мирно постигна гол.

Ова за Роналдо беше 101 гол во Лигата на шампионите и 103. во европските натпревари.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -