fbpx
11.8 C
Skopje

Роналдо: Само овие играчи можат да не заменат мене и Меси на фудбалскиот трон

АКТУЕЛНО

Кристијано Роналдо испрати трансфер „бомба“ по крајот на големото финале во Лигата на шампионите, а иако истовремено порача дека многу брзо ќе даде одговор за тоа што точно мислеше со својата сензационална изјава, барем засега ѕвездата на Реал Мадрид не дава никакви знаци и сигнали за заминувањето кое го навести.

Реално гледано, мали се шансите Роналдо да излезе со било каква конкретна изјава бидејќи во овој момент полека се фокусира само на Светското првенство кое го чека со неговата Португалија, но затоа денеска се најде во фокусот на јавнсота поради едно интервју кое го објави „Ворлд Сокер“. Истото е објавено денеска без разлика на тоа што е направено пред неколку недели, но она што се издвојува од разговорот е изборот кој го направи Португалецот за иднината на фудбалот, односно играчите кои според него ќе ги заменат Кристијано и Меси на светскиот фудбалски трон.

– Марко Асенсио мислам дека е предодреден  да биде лидер во светскиот фудбал во наредните години. Истото важи и за Нејмар, Мбапе, Усман Дембеле и Рашфорд. Тоа се играчи со огромен потенцијал и кои можат да бидат најдобри во светот, – порачува Роналдо.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -