fbpx
27.8 C
Skopje

Росонерите не губат време: Родригез пристигна во Милано (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Швајцарскиот репрезентативец, Рикардо Родригез, одлучи да го напушти германскиот клуб Волфсбург, а својата кариера да ја продолжи во италијанската Серија А.

За овој трансфер се шпекулираше веќе неколку недели, но сега изгледа дека се е готово. Родригез денес пристигна во Милан, а утре после лекарските прегледи ќе потпиша и договор со Росонерите.

Со овој трансфер Милан дополнително ја засили дефанзивната линија, откако најпрво го обезбедија потписот на фантастичниот стопер од Виљареал, Матео Мусачо.

„Пресреќен сум! Се уште немам разговарано со Монтела, но утре е голем ден. Благодарам на сите. Форза Милан“, изјави Родригез по слетувањето на аеродромот во Милано.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -