fbpx
22.8 C
Skopje

Русија контра НАТО: Кревате тензии во Акртикот, ова може да има долгорочни последици

АКТУЕЛНО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија ќе одговори на најавите за засилено воено присуство на НАТО на Арктикот.

– Ова е ѕвецкање со сабји што може да има долгорочни последици. Ескалацијата на воените и политичките активности на НАТО во Арктикот, конкретно во непосредна близина на руската граница со северна Норвешка не помина незабележано, изјава Захарова.

Русија реагира на планираните воени вежби на НАТО во Норвешка во октомври на кои треба да учествуваат 40.000 војници од 30 земји, како и зголемувањето на американското воено присуство во оваа земја од 330 на 770 маринци.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -