4.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Русите ја хакирале Меѓународната атлетска федерација (ИААФ)

Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) соопшти дека руската група „Фенси берс“ ги хакирала нивните документи и податоци.

Од ИААФ велат дека тоа се случило во текот на минатиот месец и дека цел на групата биле документите за дозволите за употреба на терапевтските лекови (ТУЕ), но нема потврда дали е нешто украдено или станува збор само за напад. За компјутерскиот напад извесетени се и спортистите кои аплицирале за терапевските лекови.

„Наш приоритет е спортистите да бидат заштитени и сигурни. Искрено им се извинуваме, целосно сме посветени да направиме се што е во наша моќ да ја поправиме ситуацијата и работиме на тоа со најдобрите организации ширум светот“, се вели во соопштението од претседателот на ИААФ, Лорд Коу.

Групата „Фенси берс“ минатиот септември „влезе“ во базата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) и ги обелодени имињата на спортистите кои употребувале забранети лекови, но со дозвола на ВАДА.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави