fbpx
-3 C
Skopje

Русковска со засега непознати информации: Се јавила кај Оливер Спасовски за да му каже дека е можно Мијалков да бега

АКТУЕЛНО

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...

Јавете се на овие броеви ако сте во странство и имате прашања за пописот

На сајтот на Министерството за надворешни работи се објавени телефонски броеви што ќе функционираат 24 часа и ќе бидат достапни за граѓаните за информации...

Стојанчe Ангелов со коментар за вчерашнитe протести во Скопје: Монструм и помирување не одат заедно

Стојанче Ангелов утрово се огласи на фејсбук по повод вчерашните протести во Скопје и напиша: МОНСТРУМ И ПОМИРУВАЊЕ НЕ ОДАТ ЗАЕДНО Скандирањето “УЧК“, “Етничка Албанија”, мавтањето...

Како да барам притвор во саботата, кога ниту АНБ немаше сознанија за бегството на Мијалков, вели Русковска во интервјуто

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во интервју за емисијата „360 степени“ вечерва кажа како течела комуникацијата со Министерството за внатрешни работи во саботата – ден пред да проструи информацијата дека Судот изрекол куќен притвор за Сашо Мијалков, како мерка на претпазливост, но и дека полицијата не може да го најде обвинетиот.

Русковска вели дека од свои извори добила информација дека е можно Мијалков да бега и за тоа лично го известила прво министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Јас во саботата некаде после 12,30 на пладне, откако добив информација дека е можно бегство на обвинетиот Сашо Мијалков, остварив контакт со Министерот за внатрешни работи при што тој ми кажа дека ќе ги провери сознанијата кои јас сум ги добила. Некаде после 15 часот, сега не знам точно, ми се јави министерот и ме замоли она што по телефон сум му го кажала да го напишам на писмено и да му го доставам. Јас истото го сторив и известување доставив, сега не знам дали беше 16,30 или 17,00 часот, мислам дека нема да биде толку битно, не обрнував внимание на тоа и некаде после 10 и пол часот, односно 22 и 30, ми донесоа известување од полиција, односно истото известување кое јас им го пратив само со додадени генералии на обвинетиот Мијалков. Јас се јавив на директорот на полиција, го прашав дали оствариле контакт со Агенцијата за национална безбедност и дали тие имаат некои сознанија при што директорот ми кажа дека Агенцијата за национална безбедност нема сознанија за бегство на Сашо Мијалков. Се слушнав и со Републичкиот обвинител и истиот ме праша, бидејќи известувањето беше доставено до мене, до Љубомир Јовески, до Ленче Ристовска и до Трајче Пеливанов. Републичкиот обвинител ме праша колку ми е сигурна информацијата, јас реков дека тоа ми е оперативна информација од мој личен извор. И се договоривме да видиме следниот ден. Потоа јас во комуникација со Јавниот обвинител на Северна Македонија се обидов да го најдам, да стапам во контакт со мојот извор, да прашам до каде е, односно колку е сигурна информацијата. Со истиот успеав да се слушнам дури околу пладне и при што, сега не можам да откривам детали, но дека на скала од 1 до 10, дека информацијата е некаде 7“.

На прашањето зошто уште во саботата не е побаран притвор, врз основа на добиените сознанија, обвинителката посочува дека информацијата била непотврдена, а за можно бегство не знаеле ниту во АНБ.

Целиот текст на 360 степени ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Љубчо Георгиевски со предлог како да се реши спорот со Бугарија

Гледам дека Македонско-Бугарските односи се движат кон нов ќор-сокак а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која може да доведе до долгодишна...

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

НОВА ГОЛЕМА ТРАЕДИЈА ВО МAKЕДОНИЈА: ПОЧИНА МАЖ ОД СКОПЈЕ ОТКАКО ПАДНА ОД КAPПА

Во Полициската станица Кавадарци, М.Џ.(71) од Скопје вчера попладне пријавила дека нејзиниот сопруг Е.Џ.(75). Тој паднал од карпа кај село Кошани, на место викано „Дол“,...

МВР ги приведе Миленко Неделковски и Александар Пандов

МВР соопшти дека синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул.„6“ во с.Стајковци, сопственост на С.П. и А.П....

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...
- Advertisement -