fbpx
21.8 C
Skopje

Саем за вработување во Битола

АКТУЕЛНО

Агенцијата за вработување на РМ денеска во Битола го одржа вториот Саем за вработување на кој со свои штандови се претставија 40-на фирми и организации од Пелагонискиот регион.

Според директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, саемските манифестации се одлична можност за презентација на биографиите на лицата што бараат работа, како и за презентација на фирмите што нудат нови работни места.

-Вториот саем за вработување во Битола нуди можност на сите лица што бараат работа директно да разговараат со работодавачите, а тие, пак, да се информираат со профилот на лицата што бараат работа. Верувам дека многу биографии денеска ќе станат реалност, односно нови вработувања или со други зборови оние што бараат работа, ќе најдат работа, рече меѓудругото Поповски на саемот за вработување во Битола.

Според информациите од локалниот Центар за вработување-Битола, во овој град евидентирани се 5.550 невработени лица, а најголем дел се со ниско образование.

– Во моментов на пазарот на трудот се бараат кадри со средна стручна подготовка, односно возачи, монтери, хигиеничари, продавачи, а се бараат и лица со познавања од информатички технологии, странски јазици и други струки, посочи Јешим Сејфуловска, раководител на Центар за вработување-Битола.

Извор: Javno.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -