fbpx
13.8 C
Skopje

Само еден човек често го посетува легендарниот Шумахер и еве што порача на сите фанови

АКТУЕЛНО

Оставете го Михаел Шумахер мирно да живее, им порача на медиумите човекот кој често го посетува легендарниот формула 1 шампион.

Претседател на ФИА Жан Тод вели дека е почестен што може често да го посетува Михаел Шумахер.

Минаа скоро пет години од тешката несреќа на скијање на Алпите, кога Шумахер удри во карпа и тешко ја повреди главата. Популарниот Шуми не успеа да се опорави, а бидејќи неговото семејство го чува далеку од очите на јавноста никој не ја знае неговата вистинска состојба.

Медиумите поради тоа шпекулираат дека тоа значи оти состојбата на легендарниот шампион не е добра и дека тој најверојатно не може да се движи.

-Окружен е со своите најблиски со семејството: Се чувствувам благословен што имам право често да го посетувам, но неговото здравје е приватна работа. Мислам дека е време Михаел да го пуштат мирно да живее, истакна Тод.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -