9 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Само што му сварив кафе на сопругот кој ме изневерува: Не знае што има во кафето

Да, дознав дека ме изневерувал, но не сум кажала уште, а ќе напишам зошто. Но прво да тргнам од самиот почеток, за што се работи уствари.

Се запознавме пред 17 години во Италија. Двајцата бевме на службен пат и така тргна нашата љубов. Беше тоа љубов на прв поглед. Права љубов. Одма сфативме и знаевме дека тоа е тоа. После неколку месеци ги запознавме семејствата и најавивме свадба. Беше прекрасна свадба. Најдобар ден во мојот живот. Тргнавме во живот заедно и се беше како што треба. Добивме дете кое бескрајно го сакаме. Тој е веќе во средно училиште.

Главно со години траеше идилата. До пред неколку месеци. Секако на никого не сум кажал како дознав и од кого, но знам за тоа сигурно. Тој ме изневерува. И тоа со млада студентка. Таа има само 25 години. Па не можам да верувам дека спаднал на тоа. Иначе ние имавме редовен секс и што е до тоа се беше редовно и нормално како што треба да биде во секој брак. Не знам од каде имаше потреба за тоа, за помладо.

Да криза во години, ама зошто сега. Па одлично ни е имаме прекрасно дете, имаме се. Таман го плативме и целиот кредит за стан. Најтешко ми е поради синот. Пред него е иднината и не сакам да биде тука кога ќе почнеме да се караме. Мислам дека тоа тешко ќе му падне. Сакам да му обезбедам најдобра можна младост. Но, сепак ова изневерување од мојот сопруг е престрашно.

И едноставно не сакам да зборувам со него, не сакам. Сакам да пати кога ќе дознае што сум му правела со месеци и кога ќе дознае се за неговите афери односно афера. Не знам дали му единствена, но за оваа сигурно знам. Не е ни толку убава, но него очигледно го пали. Ужасно е да знаеш дека некого кого бескрајно го сакаш се изневерува со друга. Има интимни односи со друга.

Со неа прави работи кои би требало со мене. Жена сум му, ја треба се тоа да го добијам, а не некоја студентка. Ќе полудам колку сум лута. Затоа му ставам мрсули во кафето. Можеби е детска казна, но мило ми е. Нека му ги зачинат кафето кое го пие секое утро, па со насмевка оди на работа и кажува драга фала на кафето и доручекот. Онака ги вадам и мешам во кафето. Размислувам и во доручекот да почнам да му ставам секое утро, само немам толку. Едвај чекам да го видам неговото лице кога ќе му кажам.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.