fbpx
26.8 C
Skopje

Санторини за сиромашни – овој рајски остров им е омилен на Грците, а македонските туристи се уште НЕ го откриле

АКТУЕЛНО

И покрај тоа што Грците во историјата никогаш не биле фер кон нас, голем број туристи од Македонија секоја година токму оваа земја ја избираат како дестинација за својот годишен одмор. Тоа е така поради близината, но и поради цената, додека најубавите острови Санторини и Миконос најчесто остануваат најнепристапни за просечните граѓани на нашата држава бидејќи овие рајски острови се предвидени за туристи со малку подлабок џеб.

Но постои еден остров кој многу наликува на Санторини и кој се наоѓа во истата егзотична островска група Киклади, со златни плажи, долни богати со маслинки и лозја, бели куќички, поплочени улички со камен, тераси од кои ви се смешкаат саксии со цвеќиња. Во прашање е островот Парос.

Парос е омиленото летувалиште на Грците. Познат е уште и како „Санторини за сиромашни“ бидејќи има далеку попристојни цени, а нуди речиси идентично опкружување и морска идила каква ретко на друго место може да се сретне. Главен град е шармантната Парикија кој нуди богата угостителска понуда и одличен ноќен живот, а во неговата непосредна близина се бројни магични плажи за кои некои веат дека се едни од најубавите во цела Грција.

Не треба да се грижите и доколку Парос е мало место за вашите апетити – се наоѓа во центарот на Кикладите опкружен со бројни острови кои се лесно достапни – па можете да видите барем на кратко, Антипарос, Самос, Миконос…

Извор: Гламур

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -