Главниот и одговорен уредник на порталот Мактел Саше Ивановски на својот портал апелира да не се двојат медиумите и новинарите и да им се помогне на сите во време кога и тие се погодени од кризата како и сите други сектори.
Заев во стил на голем лидер најави дека ќе ги помогне сите медиуми и новинари. Секој заслужува да си купи храна и основни хигиенски средства. За тоа кој ќе се збогати од новинарство, веќе одлучува публиката, јавноста, критичарите, спонзорите, фирмите но во нормални околности.
Овде збориме за подавање хумана рака за преживување на ненормални кризни моменти и сега не треба да се делиме на вакви и онакви. Сега сме сите исти, напиша новинарот Ивановски.