fbpx
2.8 C
Skopje

Сашо Велковски убеден: Нашата листа и понуда е најдоброто за нашата општина

АКТУЕЛНО

Драги мои сограѓанки и сограѓани, драги мои Светиниколчани. Во изминативе 4 години ја имав честа да бидам ваш градоначалник. Честа беше огромна, но одговорноста е уште поголема. Заеднички направивме многу пребродувајќи ги сите препреки.

Заедно рамо до рамо се боревме Свети Николе да биде поубаво место за живеење за сите граѓани. Да се биде градоначалник значи да се биде 24/7 ставен во функција на граѓаните, да се слушаат нивните проблеми, да се решаваат нивните проблеми, да се направи најдоброто за сите, за целата општина. Но не застануваме тука, не застануваме затоа што можеме уште подобро, можеме и убедени сме дека најдоброто за нашата општина допрва доаѓа.
На конференцијата на ОО СДСМ Свети Николе едногласно од страна на делегатите на изборната конференција бев избран за кандидат за градоначалник за уште еден мандат на Општина Свети Николе, а воедно утврдени беа и кандидатите за советници на идниот состав на Советот на општината со кои убеден сум дека со ваша поддршка по 17-ти октомври заедно ќе продолжиме да работиме за најдоброто за нашата општина.
Листата на кандидатите за советници во новиот состав на Советот е следна:
1. Игор Јованчев
2. Елизабета Јованчева
3. Д-р Борис Панев
4. Саша Мицевска
5. Игор Поповски – коалиција НСДП
6. Софија Душановска
7. Александар Ивановски
8. Д-р Билјана Ефтимова
9. Дејан Гичев
10. Росана Христова
11. Ненад Арсовски
12. Христина Герасимова
13. Перица Паневски
14. Билјана Василова
15. Зоран Цветанов

Како партија која го нуди најдобриот избор за граѓаните, убедени сме дека усвоената листа за кандидати за советници на претстојните локални избори е навистина најдоброто за нашата општина.
Со оваа листа составена од чесни, вредни, успешни како и просперитетни млади луѓе, СДСМ и Коалицијата уште еднаш ќе извојува голема победа со што уште повеќе ќе може да придонесеме нашето Свети Николе да биде модерно и атрактивно место за живеење, а Општината да продолжи да биде сервис за граѓаните која се грижи подеднакво за сите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -