fbpx
18.8 C
Skopje

Савески: Левица ќе учествува на локалните избори

АКТУЕЛНО

Сепак не се дрзнаа да ги одложат локалните избори! Па конечно на 15 октомври ќе се одржат задоцнетите локални избори! Граѓаните ќе имаат шанса да ги отстранат локалните ситни и не така ситни криминални елити што цицаа народни пари на народен грб!

Левица ќе учествува на локалните избори. За да им понуди опција за гласање на сите оние што се незадоволни и бесни како фушарски „народните избраници“ се расфрлаа со народните пари, оние што сакаат да видат ПРОМЕНА, а не ЗАМЕНА, оние што сакаат да и’ дадат шанса на единствената партија која ги застапува интересите на обичниот народ, а не на бизнис елитите.

Видовме како владееше ВМРО-ДПМНЕ. Гледаме како СДСМ уште во првите 100 дена ги руши илузиите за себе што си ги изгради пред изборите лани. Видовме и како владееше СДСМ на локално ниво! Македонија може да биде пристојно место за живеење! Може, но тоа зависи и од самите луѓе што ја населуваат, напиша Здравко Савески од Левица на својот ФБ профил.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -