fbpx
14 C
Skopje

СДСМ: Димовски не може да зборува за медиумите и судството што ВМРО-ДПМНЕ ги уништи

АКТУЕЛНО

Илија Димовски не може да зборува за медиумите и за судството, бидејќи токму ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години посветено работеше на уништување на професионалните медиуми и против независна судска власт.

Наместо да зборува за прашања за кои со своите политики им наштетија на граѓаните, Илија Димовски треба да прифати дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, да ја исполни својата должност, како пратеник да биде присутен во Собранието, и да не се обидува по налог на Груевски да ги попречува демократските процеси.

Независност на медиумите и професионално судство овозможува Програмата на новата реформска Влада.

Огромното мнозинство од 700 илјади граѓани избра промени. Ќе има и конститутивна седница, и мандат за составување Влада и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -