fbpx
17.8 C
Skopje

СДСМ: Економските мерки на Владата носат нова развојна економија и силна поддршка за граѓаните и стопанството

АКТУЕЛНО

– Третиот пакет економски мерки ќе овозможи заживување на македонската економија преку директна финансиска поддршка на граѓаните. Новиот сет мерки на Владата предводена од СДСМ, во вредност од 355 милиони евра опфаќа 730 000 корисници и ќе стимулира зголемување на ликвидноста, заштита, промоција и раст на домашната економска понуда, а нуди и поддршка и за земјоделците, како и поддршка на домашниот туризам, истакнуваат од СДСМ

„Дел од третиот пакет економски мерки се платежните картички кои значително ќе им помогнат на граѓаните во услови на криза и ќе ја зајакнат продажбата на домашните производи.

Со ваа мерка, се зголемуваат безготовинските плаќања, што ќе придонесе и за намалување на сивата економија.

Домашната платежната картичка во износ од 9.000 денари, е наменета за невработените лица и примателите на социјална помош.

Економските мерки имаат за цел да го помагаат домашниот туризам, така што вработените со примања до 15.000 денари месечно ќе добијат ваучер за домашен туризам од 6.000 денари и домашна платежна картичка од 3.000 денари.

Младите ќе добијат парична поддршка од 6.000 денари и домашна платежна картичка вредна 3.000 денари, како и ваучери за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини.

Третиот пакет економски мерки е директна поддршка за македонското стопанство, за иновативност, развој и зачувување на постојните и за отворање нови работни места.

Владата предводена од СДСМ ќе стави на располагање финансиски средства за поддршка на Старт ап и мали и микро компании преку комерцијални банки со 10 милиони евра иницијален капитал.

По завршување на здравствената криза земјоделството треба да биде целосно подготвено, бидејќи токму овој сектор во периодот што следува ќе има голем удел во заживувањето на нашата економија. Токму затоа соглансо економските мерки, аграрниот сектор ќе биде поддржан со 5 милиони евра преку Развојната банка..

СДСМ како одговорна партија, ќе продолжи и натаму со изнаоѓање конструктивни решенија за полесно пребродување на кризата, водејќи се од интересот на граѓаните како главен приоритет.“, соопштуваат од СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -