fbpx
6 C
Skopje

Дали СДСМ го губи својот вечен другар: Милевски со порака до Заев и СДСМ

АКТУЕЛНО

На 12 април ќе се одржат предвремени парламентарни избори, на кои уште не е познато дали и кои партии ќе влезат и ќе бидат во коалиција уште пре гласањето.

„Пред нас се две опции, или ќе ја продолжиме традиционалната колација со Социјалдемократскиот сојуз или да настапиме самостојно на следните избори“, изјави денеска министерот за локална самоуправа Горан Милевски на гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Дали ова значи дека после долги години заедничка коалиција, ЛДП ќе им го сврти грбот на своите пријатели од СДСМ.

– Бевме заедно со СДСМ, рушевме еден режим кој успешно го срушивме, заедно се изборивме да се отвори патот на Македонија кон Евроатлантските интеграции, со цел да почнеме да зборуваме во Македонија за нормалните теми кои ги тиштат граѓаните. Ако најдеме заеднички точки со СДСМ, коалицијата ќе продолжи, ако не секој сам ќе си се испроба на следните избори, додава Милевски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -