15.8 C
Skopje
четврток, октомври 23, 2025
spot_img

СДСМ го осуди нападот врз штабот на ВМРО-ДПМНЕ: Не сме виновни за поделбите во опозициската партија

spot_img

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осудува нападот на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и секаков друг вид на насилства коишто ја загрозуваат безбедоста.

Како одговорна партија, отфрламе каква било поврзаност со случајот, СДСМ никако не може да биде виновен за поделбите внатре во опозициската партија.

СДСМ јасно и недвосмислено беше дел од Шарената револуција во вистинските моменти кога државата требаше да се спаси од криминалот, поделбите и изолацијата, и тоа не го криеше. Во улога на владејачка партија, СДСМ ја води државата напред и работи исклучиво во интерес на граѓаните.

Очекуваме сите надлежни институции, согласно нивните законски надлежности, да го расчистат овој случај.

ВМРО-ДПМНЕ мора конечно да ја напушти поразената матрица на конфликт, деструкција и поделби, да покаже елементарна политичка одговорност и во интерес на граѓните да се одлучи ЗА македонската иднина.

 

поврзани објави

         

Последни објави