fbpx
14 C
Skopje

СДСМ: Груевски не сака правда – сака амнестија!

АКТУЕЛНО

„Домашната и меѓународната јавност знаат дека постои само еден документ на граѓаните на Република Македонија, тоа е Програмата на новата реформска Влада.

Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се изваден од памет од Програмата на новата реформска Влада што ги штити унитарноста на државата и интересите на сите граѓани, затоа што во неа се гарантира и правда за сите и владеење на правото во Македонија.

Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат правда – сакаат амнестија, сакаат заштита на нивните криминално стекнати богатства и сакаат да не одговараат за тоа. Затоа ја водат кон ескалација и политичката криза.

Тоа не е можно. Македонија не смее и нема да биде заложник на криминалните интереси на Никола Груевски и неговите соработници.

700 илјади граѓани очекуваат промени, правда, заедништво и квалитетен живот.

Македонија ќе оди напред. Ќе има продолжение на конститутивната седница на Собранието, нов претседател на Собранието, мандат за составување Влада и нова реформска Влада“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -