fbpx
12.8 C
Skopje

СДСМ: Излегоа на површина нарачателите, ќе има одговорност за сите насилници, нема амнестија!

АКТУЕЛНО

„Апсурдно е некој воопшто да помисли дека е можна амнестија за нарачателите и извршителите на крвавото насилство во Парламентот.

Барањата за амнестија до Ѓорге Иванов кои доаѓаат од организатори и мотиватори на протестите како и денешното оправдување на ВМРО-ДПМНЕ на насилствата, во официјално партиско соопштение е класична потврда дека Груевски, Иванов, Вељаноски и Чавков стојат зад органиизираното насилие во Собранието.

Спроведен е организиран обид за убиство на пратеници, а загрозена беше и безбедноста на новинари и вработени во Собранието.

Со тоа е направено тешко кривично дело, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност. Ќе има и одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -