10.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

СДСМ ја потценува интелигенцијата на народот, од нив ќе чуете само флоскули и апстрактни поими

Искрено и од се срце го поздравувам вашиот ентузијазам, вашата љубов, вашата решителност. Остануваат само уште неколку дена,  и мигот на одлучување од кој ќе зависи по кој пат Македонија ќе тргне. Дали ќе продолжи слободниот пад или тој ќе биде сопрен, и ќе започне новата ера. Се приближуваме до 15. октомври. Вие добро знаете дека ова не се обични локални избори. Вашата одлука е многу важна – не е само, уште една обична одлука. Ние не гласаме на овие избори за да донесеме само  градоначалници, и советници за нашите градови, туку сите ние заедно ќе одлучиме каква ќе биде Македонија после 15-ти октомври.

Ова денеска од Прилеп го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, посочувајќи им на граѓаните дека нивната одлука е конечна и оти тие го имаат последниот збор.

-Ова е Ваш град, ова е наша држава, ова е Ваша одлука и ничија друга. Запомнете дека само граѓаните на Македонија, вие одлучувате за заедничката иднина, за иднината на нашите градови и за иднината на нашата држава. Ние ја добиваме нашата моќ и сила од Македонија и народот на оваа земја. Нашата сила произлегува од нашата љубов кон нашиот народ и нашата љубов кон нашата земја. Ја сакаме нашата земја, со целиот наш народ, сите градови, сета радост, ентузијазам и возбуда. Нашата љубов е заедничка со нашиот народ. Нашата љубов е заедничка со нашата земја, истакна Груевски.

Фото

Тоа е политика на навреди. Тоа е политика на креирање на тензии и заплашување, политика на насилство на многу афери, корупција, криминал. Тие знаат само да палат, укинуваат и уништуваат. Сите мора да го знаат следново: Ние не се плашиме од никого. Ние сме ВМРО и ВМРО не се плаши од никого. Ги посветивме нашите срца, мисли и животи за оваа кауза. И не се откажуваме од нашата земја. Се додека нашиот народ, нашите граѓани тоа го сакаат, ние ќе стоиме исправено и гордо. Никогаш нема за застанеме, да се предадеме. Никогаш нема да го заборавиме и да го смениме нашиот правец за развојот на нашата земја, истакна Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека ќе продолжат да ги исполнуваат ветувањата, да работат и да нудат проекти и решенија. Според него, СДСМ не се способни да го направат тоа.

-Видете што се случува, тие им велат на луѓето, „гласајте за нас“. Луѓето секако ќе ги прашаат „Македонија и нашите градови имаат проблеми. Што ќе преземете за тоа?“ Што велат тие? „Ние ветуваме воздух, граѓаните ќе добијат воздух.“ Тоа е потценување на народот. Нивниот главен проект е воздух. Благодарение на Бога, поредокот во природата ни обезбедува воздух. А Бог дарува и живот, а тие ветуваат и живот. Две работи кои не зависат од нив, токму тие ги ветуваат. Тоа е потценување, тоа е потценување на народот, на неговата интелигенција, тоа е потценување на сопствениот народ. Нема да чуете решенија, нема да чуете идеи за подобар живот. Туку флоскули, апстрактни поими, посочи Груевски на големиот митинг во Прилеп.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави