fbpx
19 C
Skopje

СДСМ: На првата владина седница ќе се укине екстерното тестирање

АКТУЕЛНО

Претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов најави дека новата Влада прво ќе го укине екстерното тесирање, кое освен притисоци врз учениците и казни за наставниците не донесе ништо добро за образованието

„Уште на првата владина седница ќе се  укине нелогичното екстерно тестирање, кое што освен притисоци врз учениците и казни за наставниците, не донесе ништо добро на образованието“, велат од СДСМ.

„Квалитетот на образованието ќе го обезбедиме според  меѓународни практики, но и со домашен ум и умеење, единствено по пат на мотивација и награди„ изјави Атанасов.

Тој посочи дека ќе бидат направени крупни реформи за  обезбедување вистински, успешен, модерен, европски образовен модел. Притоа ќе има помалку предмети, а наставата ќе биде соодветна за возраста и потребите на младите и наставниците.

„Квалитетот на наставата е врвен приоритет, затоа што тој се обезбедува уште од мали нозе. Во основното образование, во првите 5 години ќе има само описно оценување. Оценки ќе има во следните 4 години. Бројот на ученици во паралелка ќе го намалиме на 25 ученици. Во средното образование, кај стручното образование, покрај класичното четиригодишно гимназиско и стручно образование, ќе воведеме и можност за завршување по втора и трета година“, додаде тој

„Така, оние кои сакаат побрзо да се вклучат во пазарот на трудот, нема потреба да ги задржуваме во образовниот систем„ рече Атанасов. Новата Влада, ќе ја почитува автономијата и достоинството на универзитетите, ќе ги преиспита дисперзираните студии,  а исто така ќе помогнеме да се приспособат студиските програми според потребите на општетството, посочи тој.

“Никогаш повеќе нема да дозволиме да се вршат експерименти врз учениците и да се носат ад-хок решенија кои одат на штета на учениците, студентите, наставниците и професорите, како што беше пракса досега“, изјави претседателот на Комисијата за образование на СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -