fbpx
20.8 C
Skopje

СДСМ на ВМРО ДПМНЕ му понуди 45 дена пржинска влада

АКТУЕЛНО

СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ му понудил техничка, односно „пржинска“ влада за предвремени парламентарни избори, но наместо 100 денат, таа да трае 45 дена за да се запазат крајните рокови според преспанскиот договор, објави Телма. Телевизијата тврди дека следната собраниска седница треба да биде закажана в понеделник, откако е одлучено дека треба да се привршуваат сите комисиски активности. И доколку се донесе одлука за предвремени избори на таа седница би се распуштило Собранието, ова веќе ги става во игра новите можни датуми за избори 2 или 9 декември.

Собраниската седница е потврдена на 15 октомври в понеделник, но засега можноста за распууштање и прогласување предвремени избори не е во точките на дневен ред.

Преговорте се уште траат, а неофицилјно имало средби и меѓу лидерите на партиите. Утринава на координација пратеничките групи не разговарале за преговорите и сега се е оставено на политичка одлука внатре во партиите.

Изворите на Телма од парламентот велат дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски ќе му биде наводно понудено техничка влада која ќе има мандат од 45 дена, а не сто дена како што браше тој. Сите овие партиски калкулации за сега се неофицијални. Дел од медиумите објавија дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се жалат дека се под закана за животот ако ги поддржат амандманите во Собранието.

Најновиот предлог од ВМРО-ДПМНЕ е премиерот јавно да се откаже од договорот со Грција, да се оди на избори, а по изборите да се формира ново Јавно обвинителство кое ќе го замени СЈО. СДСМ излегоа со толкување дека вчерашното обраќање на Мицкоски е под влијание на поранешниот лидер.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -