fbpx
14.8 C
Skopje

СДСМ: Наместо да го каже ставот за референдумот, Мицкоски се крие зад снимени видеа

АКТУЕЛНО

Сокриениот Мицкоски да излезе пред граѓаните и да каже став за најважното прашање за иднината, за референдумот, порачаа денеска од СДСМ.

-Наместо да се крие зад однапред снимени видеа во кои изнесува лаги и измислици, Христијан Мицкоски треба да покаже минимум сериозност и јавно да го соопшти својот и ставот на неговата партија за претстојниот референдум.

Очигледно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да измислат и да излажат се, само за да избегнат да го соопштат ставот за најважното прашање во македонската историја.

Денеска сокриениот Мицкоски во однапред снимено видео без можност од дополнителни новинарски прашања очајно се обиде преку искривени ставови да гиприкрие позитивните трендови во земјоделство коишто ги чувствуваат сите земјоделци.

Ниту една лага на Мицкоски нема да го сокрие фактот дека неговата ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во во македонското земјоделство, со години не исплаќаше субвенции и постојано манипулираше со земјоделците, велат од СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -