fbpx
3 C
Skopje

СДСМ одлучи: Не го прифаќаме предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски тврди – Заев бега од избори

АКТУЕЛНО

Не може да се повикувате на право а да промовирате предлози спротивни на Уставот. Кршењето на Уставот не е и не може да биде ниту право, ниту правда, ниту принцип. Политички е целосно погрешно да се промовира кршење на највисокиот правен акт во државата Уставот. Ниту една политичка партија пред граѓаните не смее да помисли да излегува со неуставни предлози – велат од СДСМ.

До 3 јануари има доволно време да се постигне согласност и да продолжиме кон подготовката на изборите кои ќе се случат на 12 април, велат од партијата на Заев и притоа додаваат дека се повикуваат на членот 97 од Уставот дека на чело на МВР мора да застане цивилно лице, односно лице кое најмлаку 3 години не е во униформа.

Од друга страна, Мицкоски преку Фејсбук ја повика власта да не ги одложува работите и дека со кочењето професионалец да застане на чело на МВР нема да го избегне неминовниот пораз. Смета дека оспорувањето на техничкиот министер за внатреешни работи е бегство од предвремени избори.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -