fbpx
15 C
Skopje

СДСМ: Парламентарното мнозинство ќе ги заштити граѓанските и државните интереси од тиранскиот однос на Груевски!

АКТУЕЛНО

„Парламентарното мнозинство од 67 пратеници има полн легитимиет да ја формира новата реформска Влада на граѓаните и тоа ќе го направи според одлуката на над 700.000 граѓани кои избраа промени.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, веќе ја објави Програмата на новата реформска Влада, што е достапна за домашната и за меѓународната јавност и е јавно поставена на Веб страницата на СДСМ.

Никола Груевски и опозициската ВМРО-ДПМНЕ не можат повеќе преку нивните медиуми, како порталот Нетпрес, со лаги за непостоечки теми да ги вознемируваат граѓаните. Не ќе можат ни тирански да се изживуваат врз граѓаните со апсурните реплики сами на себе со коишто го блокираат Собранието.

Парламентарното мнозинство има обврска да ги заштити граѓанските и државните интереси и тоа многу брзо ќе се случи. Груевски, Иванов и ВМРО-ДПМНЕ се должни да обезбедат мирен трансфер на власта“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -