fbpx
6.8 C
Skopje

СДСМ: Постојат само криминални нафтени платформи на ВМРО-ДПМНЕ, Програмата на новата Влада носи живот и правда

АКТУЕЛНО

„ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане со тиранскиот однос кон граѓаните и државата и да ја почитува јасната порака од домашната и меѓународната јавност која повикува на здрав разум и овозможување на демократските процеси.

ВМРО-ДПМНЕ ги лаже граѓаните со наводни федерализации и поделби, само за да продолжи со криминалите како што е нафтената платформа во бизнисите што ги прават Мијалков и Груевски на штета на граѓаните. Постои единствено програма на новата реформска Влада на Македонија. Токму во таа програма е содржано се она што ВМРО-ДПМНЕ го посочува, а не го реализираше 10 години досега.

Демократските процеси мора да се одблокираат и да се движат согласно Уставот, законите и волјата на мнозинството. Прв чекор кон тоа е избор на претседател на Собранието, а потоа и избор на нова реформска влада која ќе работи во интерес на сите граѓани.

Волјата на мнозинството кое гласаше за промени и нова Влада, ќе се испочитува. Собранието ќе добие претседател, а Македонија ќе добие нова реформска Влада на унитарна Македонија која ќе обезбеди владеење на правото и квалитетен живот во едно општетство за сите граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -