fbpx
14.8 C
Skopje

СДСМ, Штип: ВМРО-ДПМНЕ одобрувале злоупотреба на народни пари за подмирување астрономски телефонски сметки

АКТУЕЛНО

„ВМРО-ДПМНЕ бескомпромисно и бесрамно ги одобрувале злоупотребите на парите на граѓаните. Веќе зборувавме за тоа како овие вмровски челници одобрувале гориво во износ од 10.000 евра за хаварисано возило“, изјавија денеска од ЦО СДСМ, Штип.

„Денес јавноста ќе дознае дека истите тие одобриле и подмирување сметки на тогашното раководство на ЈП „Исар“ чиј износ бил астрономски.

Имено, на поранешниот директор на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев, по правилник му биле одобрени 4.000 денари месечно за телефонски сметки, но тој месечно успевал да телефонира и да прави сметки од над 20.000 денари.
Оваа негова повеќекратна злоупотреба глатко си поминала на седниците на УО и НО.
За оваа злоупотреба веке е донесена пресуда и штетата ќе треба да се надомести.

Но, прогледувањето низ прсти не завршило тука.
Имено, вмровските членови на УО и НО, и советниците од тој состав, со леснотија одобрувале и други злоупотреби од претходниот директор. На пример, тој трошел народни пари за неодобрени патувања.

За овие негови постапки, Бојаџиев е веќе условно осуден.
За висината и правичноста на казните не дискутираме и го оставаме на надлежните органи, но факт е дека злоупотребата и расипништвото се целосно потврдени.

Јавноста треба да знае и дека бројните други злоупотреби, како што се набавка на вентили, штетни договори или огромната неоправдана потрошувачка на гориво, актуелните органи на претпријатието истите ги имаат документирано и доставено до МВР и Јавно Обвинителство, кои ги охрабруваме да си ја работат својата работа и да ги санкционираат сите овие незаконски дејствија“, велат од СДСМ, Штип.

ВМРО-ДПМНЕ одобриле над 20.000 евра за гориво за неупотребливи возила!

Posted by СДСМ Штип on Wednesday, May 6, 2020

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -