fbpx
6.8 C
Skopje

СДСМ со оптужба кон ВМРО-ДПМНЕ: Нервозни сте бидејќи ваши членови излегуваат и гласаат

АКТУЕЛНО

Иако гласањето за референдумот се уште трае, двете најголемите политички партии во државата започнаа со соопштенија и меѓусебни обвинувања.

Откако од ВМРО-ДПМНЕ објавија дека наводно членови на СДСМ праќаат СМС пораки до членови на ВМРО-ДПМНЕ, каде се лаже дека партијата налага да се излезе на гласање. Брзо со контра одговор возвратија од СДСМ.

„Во врвот на ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, бидејќи и покрај бојкотот што го заговараше раководството на партијата, пратеници и членови на ВМРО ДПМНЕ излегуваат на референдум и гласаат. Лажните вести пласирани од опозициската партија не се ништо друго освен панична реакција на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што и покрај бојкотот што го диригира Христијан Мицкоски и дел од негови приврзаници, се повеќе претставници и членови на партијата го игнорираат, излегуваат и го користат своето демократско право да одлучуваат за иднината“, се вели во соопштението од СДСМ.

Покрај демантот кој го дава СДСМ, во соопштението посочуваат дека и ДИК ги отфрла таквите обвинувања.

„По деценија злоупотреби на институциите, по деценија притисоци, уцени и закани врз граѓаните и погазување на нивните права, ВМРО-ДПМНЕ, не знае што е фер, демократско и слободно изјаснување во фер и демократски услови. Граѓаните на денешниот референдум гласаат слободно, без притисоци и без закани, во слободна и демократска атмосфера“, велат од СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -