fbpx
29.8 C
Skopje

СДСМ: Судството ќе биде независно, Груевски да се помири дека е соочен со правдата

АКТУЕЛНО

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија продолжи да го најавува крајот на ерата на Никола Груевски, па во денешното соопштение до јавноста тие наведоа дел од криминалите кои ги има направено за време на 10. годишната власт. Според СДСМ, Груевски мора да се помири со тоа дека е соочен со правдата, а исто така најавија дека новата влада ќе спороведе независно судство и ќе го продолжи мандатот на СЈО.

„Правдата е дел од започнатите демократски процеси во Македонија.

Никола Груевски ќе мора да се помири дека е соочен со правдата. Фатен е во монтирање политички судски процеси. Фатен е во лаги на граѓаните за жолти комбиња, клонирани станици и наводни странски служби. Фатен е во скандалот со нелегалното прислушување, заедно со неговиот братуќед Сашо Мијалков. За сите злодела врз граѓаните ќе има одговорност.

Судството ќе биде независно. Мандатот на СЈО ќе биде продолжен. Ќе се реализираат сите реформи препорачани во извештаите на Прибе и Европската комисија.

Заврши времето за политичари како Груевски.
Ќе има и правда, и живот и промени. Така одлучија мнозинството граѓани на изборите на 11 декеври.“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -