Британскиот премиер Борис Џонсон потврди дека од 2030 година ќе биде забранета продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување, иако властите во Британија првобитно одлучиле дека продажбата на такви автомобили ќе се заврши до 2040, тој рок претходно оваа година е поместен на 2035.




Џонсон во разговор за „Фајненшел Тајмс“ рекол дека тој термин повторно е поместен за пет години. Што значи дека за само десет години повеќе во Агнлија и околината нема да има „класично“ нови автомобили.
Оваа изјава не е целосно јасна, затоа што и понатаму се шпекулира ситуацијата со хибридните возила. Се верува дека во Британија и понатаму ќе може да се продаваат автомобили со хибриден погон (бензинско-електричен), заклучно со 2035 година.




Владата во електрификацијата на возниот парк ќе вложи пола милијарда фунти, пред се во унапредување на инфраструктурата на електрични полначи.