9 C
Skopje

Се гради светска македонската медицинска дијаспора

АКТУЕЛНО

АСМЛ (Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари) е невладина, неполитичка и непрофитабилна организација која ги обединува младите лекари и лекарите на специјализација во Република Македонија. Нивната визија е доктор на специјализација образован по највисоките Европски и светски стандарди за медицинска едукација – лекар сериозно одговорен пред медицинските етички принципи, со цврсто изграден морал кон својата професија и кон колегите, но пред се млад општ лекар или лекар на специјализација задоволен од својот статус, необременет со грижа за основни егзистенцијални прашања.

Во склоп на овој проект, АСМЛ организира научен настан оваа сабота. Прочитајте го нивното соопштение:

Почитувани колеги, во склоп на напорите на АСМЛ за поврзување на македонската медицинска дијаспора и колегите кои работат во Македонија, ве информираме дека реномираниот др. Петар Ристески од Штутгарт ќе оддржи предавање “Минимално инвазивна хирургија на торакална аорта“ во сабота од 18 часот (поради неговото ограничено време) за специјализанти и млади специјалисти. На огромно задоволство ќе имаме прво *back to back* предавање со доц. др. Венко Филипче со темата “Третман на мозочен удар, cardiocentrism vs. encephalocentrism”. Ве очекуваме!

Повеќе за настанот на следниот линк: https://www.facebook.com/events/798489737244157/

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Д-р Караџовски: До последните капки пот од нос ќе работиме

Д-р Жарко Караџовски на денешната прес конференција напомена дека најголем број од пациентите се со лесна клиничка слика. Дел од симптомите се слабост малаксаност,...

Заврши најновата владина седница: Донесени се следните одлуки

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ги усвои дополнувањата на ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година...

Ковачев: Наместо бугарски фашистички окупатор пред споменицоте да стои бугарска администрација составена главно од Македонци

Откако министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во едно од своите телевизиски интервјуа се закани дека ќе испрати полк во Македонија кој ќе...
- Advertisement -