fbpx
6.8 C
Skopje

Се намалува бројот на новозаразени, се зголемува оној на оздравени лица

АКТУЕЛНО

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.526 тестирања, а регистрирани се 564 нови случаи со ковид-19, починале 22 пациенти, а 1 357 лица оздравеле, соопшти Министерството за здравство.

Од новодијагностицираните најмногу се во Скопје –192, следат Куманово – 45, Битола – 44, Прилеп – 40, Велес и Струмица – по 23, Охрид – 22, Гостивар – 19, Штип – 18, Тетово – 17, Кочани – 16, Берово – 13, Кавадарци и Кичево – по 11, Виница – 9, Свети Николе и Дебар – по 8, Струга и Ресен – по 7, Радовиш – 6, Валандово – 5, Неготино, Пропиштип и Крушево – по 4, Гевгелија, Крива Паланка и Делчево – по 2, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 22 починати пациенти од кои осум од Скопје (60г, 68г, 71г, 72г, 74г, 74г, 82г и 85г), по двајца од Битола (79г и 85г), Прилеп (69г и 79г) и Кочани (72г и 73г), по еден од Охрид (61г), Кавадарци (80г), Гостивар (51г), Штип(75г), Свети Николе (80г), Делчево (65г), Ресен (71г) и Пробиштип (74г). Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 1.357 оздравени пациенти од: Скопје – 412, Охрид – 248, Кавадарци – 87, Куманово – 69, Битола – 67, Прилеп – 58, Струга – 46, Велес – 43, Тетово – 40, Неготино – 33, Струмица – 31, Кочани – 27, Гостивар – 25, Дебар – 21, Штип – 19, Крушево – 18, Гевгелија – 16, Виница, Валандово и Крива Паланка – по 15, Кичево – 13, Берово и Свети Николе – по 9, Делчево – 7, Богданци – 6, Ресен и Демир Хисар – по 2, Радовиш, Пробиштип, Демир Капија и Дојран – по 1.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -