7 C
Skopje

Се огласи Јанкуловска: Ќе ви испратам селфи, повелете на кафе, јас сум дома

АКТУЕЛНО

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...

Костадинов: 470 милиони рвра изнесува четвртиот пакет антикризни мерки за граѓаните

Ребалансот на Буџетот за 2020 година обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани, но и за компаниите погодени од коронакризата, изјави...

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ги определи како неточни гласините дека ја напуштила земјата откако Врховниот суд ја потврди нејзината пресуда за случајот „Тенк“.

„Глупости се тоа. Дома сум. Кој сака нека повели на кафе. Да ви испратам локација, селфи, не знам што да ви кажам“, вели за А1Он Јанкулоска

Врховниот суд на Република Македонија ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје и ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска.

Јанкуловска првично беше осудена на шест години затворска казна, а потоа Апелација и ја намали на четири години.

Нејзиниот сопруг Илиевски за „Фокус“ кажа дека новинарите не заслужуваат изјава за целата ситуација, бидејќи цели десет години учествувале во медиумскиот линч врз Гордана.

-Искрено да ви кажам, дека не заслужувате генерално како новинари било какви коментари, затоа што за сите изминати години некритички го покривате работењето на правосудните власти. Со умисла или небрежност учествувавте во медиумскиот линч кон Гордана кој трае без прекин десет години, и со тоа сте помагатели на злосторничкото здружение кое ги нарача и изврши пресудите.

Дури и ова прашање што ми го поставувате е со цел да се поттикнат судири и меѓусебни обвинувања помеѓу осудените, наместо да се запрашате дали постои кривично дело, дали за некој е застарено делото и која е позадината на целиот прогон. Многу сте површни – порача сопругот на Јанкулоска.

Околу тоа дали таа евентуално ќе излезе во јавност и ќе појасни која е позадината, на како што вели Илиевски, прогонот врз неа, тој е категоричен.

-Немам што да додадам! Треба само да знаете дека со вака темелни обвиненија и пресуди утре секој може да биде осуден. Тргнете од себе, ако не повеќе – изјави Илиевски за ,,Фокус”.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Регистирани 33 деца позитивни на коронавирусот: Состојбата во градинките е под контрола

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација...

Османи: Се надевам дека следната недела ќе седнеме да разговараме со Захариева

Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...
- Advertisement -