25.9 C
Skopje

Се огласи таткото на Ѓоковиќ кој е заразен со коронавирус: Тоа е што е, од ова мора да излеземе посилни

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

United Group, сопственикот на Тотал ТВ, го презеде бугарскиот Vivacom

United Group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чиј состав во Македонија функционира Тотал ТВ, денес го објави завршувањето на...

Тоа што требаше да претставува вистинска забава и тениско уживање за фановите на Балканот, на крајот се претвори во вистински корона хаос, бидејќи „Адрија турот“ предводен и организиран од Новак Ѓоковиќ доживеа вистински колапс со неколку заразени тенисери.

Еден од нив е и самиот Новак кој вчера потврди дека има позитивен корона тест заедно со неговата сопруга Јелена, по што Србинот на двапати се јави и се извини во јавноста за штетата која ја нанесе без никаква лоша намера.

Ѓоковиќ се соочи со реалноста и со второто соопштение призна дека пораниле со турнирот и ја призна грешката, но додека најголем дел од јавноста и светските медиумите фрлаат „дрва и камења“ кон светскиот рекет број еден, неговиот татко го посочи главниот виновник за цела оваа непријатна ситуација.

Срѓан Ѓоковиќ е познат по своите контроверзни изјави кои ги дава за ривалите на својот син, а во тој контекст оди и последната, бидејќи тој гледа на Григор Димитров како главен виновник за целата ситуација (Бугаринот беше прв кој пријави позитивен тест).

-На никој не му е сеедно поради оваа ситуација, па ниту на Ноле. Тоа е што е, од ова мора да излеземе посилни и мораме да сфатиме дека ова мора да пројде.

-Зошто се случи сето ова? Поради тоа што Димитров најверојатно дојде болен од којзнае каде и потоа се случи тоа што се случи. Ви нанесе голема штета на вас Хрватите и на нас како семејство и на сите Срби, порача Срѓан во интервјуто за „РТЛ“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Делчевските пожарникари безбедно симнаа маче од кров

Успешно заврши интервенцијата на Територијалната противпожарна единица од Делчево која денес симна маченце кое два дена било качено на кров и неможело да се...

Заев со порака до Ахмети: Треба да се има бројки за премиер

По конститутивната седница во македонското собрание свое обраќање до јавноста имаше претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој на денешната пресконференција рече дека ќе ги...
- Advertisement -