17.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

Се огласи тивкиот Салах: Ова не може да се одбие, тоа е прилика на животот!

Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах е на радарот на Реал Мадрид кој сака да го донесе во Мадрид во летниот преоден рок кој полека се приближува. Кралевите планираат да го купат 25. годишниот играч кога ќе го продадат Герет Бејл и Карим Бензема на крајот на сезоната.

Ливерпул секогаш инсистираше дека Салах не е на продажба и покрај тоа што Реал Мадрид и Барселона беа заинтересирани за играчот. Сепак, шпанскиот медиум Дон Балон соопштува дека египтесата ѕвезда е спремна да замине од Ливерпул ова лето. Но, Дон Балон вели, дека и покрај вербата на Ливерпул во него, Салах е подготвен да ја заврши својата кариера во Ливерпул по само една сезона. Според шпанскиот медиум египетскиот Меси гледа на заминување во Реал Мадрид како животна прилика која не смее да ја испушти. Меѓутоа, говорејќи вчера, Клоп одби да ја именува цената за својот најомилен фудбалер.

– Сега кога даде 40 голови, можеби можеме да го продадеме за многу поскапа цена. Салах воодушевува оваа сезона. Египќанинот блеска во дресот на Ливерпул, со кој успеа да стигне до полуфинале од Лига на шампиони. Тој е прв стрелец во Премиер лигата, а е и легитимен кандидат за Златната копачка во Европа.

Тешко е да се пронајде некој со лошо мислење за Мохамед Салах. Не само што е фудбалер од светска класа, туку е и дисциплиниран и вистински добро момче. Сите навивачи на Ливерпул го идолизираат 25. годишниот фудбалер благодарение на неговите потези во црвениот дрес оваа сезона, меѓутоа, исто така се заљубија и во неговите квалитети како човек. Салах, кој секогаш е насмеан, избегнува контроверзи на и надвор од стадионот.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -