19 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се омажила за богатиот султан, а после два дена од свадбата му заѕвонел телефонот: „Се јавив и почна ужасот“

Љубовната приказна на руската мисица Оксана Војеводине и некогашниот малезиски крал – султанот Мухамед Петти од Келантан веќе со месеци е во фокусот на светските таблоиди, односни нивното разделување и перипетиите кои ги следеле.

Нивниот однос беше шокантен од самиот почеток, поради 24. години разликата во години, а и поради културолошките спротивности. Но, се траеше кратко, после само неколку месеци нивната врска пукна, а Мухамед отиде толку далеку што тврди дека синот Леон кои го добиле во бракот не е негов.

Оваа 27-годишна убавица сега одлучи да проговори за се, па изнесе бројни одвратни детали за нивниот однос.

Меѓу другото се присети и на непријатното искуство само два дека после венчавката – тогаш на султанот му заѕвонел телефонот, а на екранот пишувало Боб.

„Бев сигурна дека станува збор за еден од неговите пријатели кои сакаат да му честитаат склопување на брак. Се јавив и слушнав хистерична жена која почна да вика на мене и да тврди дека таа е негова сопруга, а не јас. Викаше на мене и ме праша како се осмелувам да се јавам на неговиот телефон“, раскажа Оксана, додавајќи дека тоа наводно била жена од Чешка која се претставила како Дијана Петра.

Откако Мухамед се вратил од купатилот, го земал телефонот и заминал да разговара во друга просторија.

„Ми рече дека тоа е неговата поранешна сопруга која не знаела дека сме се венчале. Освен тоа, рече дека постојат некои нерешени работи меѓу нив, а една од нив е подебла на имот“, вели убавата Русинка, истакнувајќи дека жената го контактирала и нејзиниот татко на кој исто така му тврдела дека е во брак со милијардерот уште од 2010 година.

Истата таа Дијана Петра наводно непрестано испраќа заканувачки пораки до Оксана и нејзините пријатели, во кои тврди дека ќе ја отруе, дека животот на малиот Леон е во опасност.

Инаку, Мухамед морал да абдицира токму поради Оксана, односно поради деталите од нејзиното минато. Имено, оваа Русинка имала секс пред очите на јавноста – во базен, за време на учеството во едно реално шоу, а тоа кралот го чинело и титула, поради строгите муслимански правила.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.