fbpx
5 C
Skopje

Се отвора можност за зголемување на износот на к-15

АКТУЕЛНО

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка, со кој се одредуваат непризнаените расходи, со што се создава можност за зголемување износот на регрес за годишен одмор кој што ќе се третира како признаен расход за даночни цели.

Како што соопштија од владината прес-служба, станува збор за мерка од петтиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на ковид-19.

Во истата насока на олеснување на работата на компаниите во услови на ковид-19, со предложените измени и дополнувања се предлага како признаен расход да се признаваат и платените лабораториски тестови за ковид-19 што ги прават компаниите за своите вработени.

Од Владата посочуваат дека со измените се овозможува и покривање на загубите без обврска истите да се претходно покриени согласно Законот за трговските друштва и се пропишува рок во кој Управата за јавни приходи е должна да издаде согласност по однос на барање за признавање како расход на амортизацијата на преостаната сегашна вредност на средствата.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ: Над 6 000 текстилни работници во земјава на колективен одмор

Над 6 000 текстилни работници во земјава заминаа на колективен одмор. Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров за МИА вели дека од вчера на одмор се работниците, а половина од нив се од Штип.

Работодавците оваа одлука ја донеле поради недонесувањето на петтиот пакет мерки од страна на македонските пратеници и неизвесноста од локдаунот во Германија и останатите членки на ЕУ.

Работниците се пуштени на одмор, користат две недели од годишниот одмор за 2021 година. Од утринава имав повици од неколку компании од источниот регион. Се надевам дека пратениците конечно ќе помислат на народот, а не на партиите. Во моментов немаме волшебно стапче, ова е преоден период, доколку не се донесе петтиот пакет мерки, од компаниите први ќе си заминуваат работниците со договори на определно, а потоа ќе следи и прогласување технолошки вишок – вели Димитров.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -