20 C
Skopje

Се планира нов стадион во Штип

АКТУЕЛНО

Премиерот Заев со владина делегација во дводневна посета на Атина

Конференцијата на угледниот магазин „Економист“ како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот, оваа година е посветена на темата „Европа: Зајакнување...

Се огласи момчето кое Федерер го удрил со тениско топче во лицето: „Јас чекам 14 години извинување, а Новак е дисвалификуван“

Веста која што деновиве ја подигна јавноста на нозе е дисквалификaцијата на Новак Ѓоковиќ од УС Опен. Да ве потсетиме, српскиот ас случајно ја погоди...

Драстичeeн пад во бројката на новозаболени, но дрaaстично помал број и на тестови

Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 24 Куманово 6, Дебар 4, Штип...

Заев: Оваа година слободни и отворени кон светот ја славиме независноста

Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, нека ни е честит и вековит 8 Септември - Денот на независноста! Пред 29 години, на 8 септември, граѓаните...

Општина Штип и ФФМ заедно со помош од УЕФА ќе го реконструираат стадионот во Штип по што на него би можеле да се играат и меѓународни натпревари.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, заедно со потпретседателот Лазар Ракиџиев и членот на УО од ОФС Штип, Димитар Џонов, одржаа работен состанок со градоначалникот на Штип, Благој Бочварски на кој се сложија околу битни прашања и заклучија дека Градот и Федерацијата ќе ја продлабочат својата соработка во заеднички интерес, а тоа првенствено значи развој на фудбалската инфраструктура во Штип и целосна реконструкција на стадионот на кој настапува фудбалскиот клуб Брегалница.

„Мене ми е драго што со градоначалникот Бочварски, не само како архитект по професија, туку и како страствен навивач на Брегалница, фудбалот ни е заеднички јазик и уверен сум дека можеме да направиме големи работи за стадионот во Штип, како еден од нашите најголеми фудбалски центри“, рече Сејдини.

„Исклучително сум задоволен затоа што добив позитивен одговор од страна на претседателот на ФФМ и подготвеност тие да ја финансираат изградбата на едната трибина. Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА ќе ја гради западната трибина на стадионот и заедно со општината ќе биде дел од проектот за изградба на репрезентативен стадион со категоризација за натпревари и од највисок ранг“, вели градоначалникот Бочварски.

Моментално во државава само стадионот „Тоше Проески“ во Скопје ги исполнува условите на УЕФА за одигрување меѓународни натпревари од сите категории, додека стадионот „Младост“ во Струмица едвај доби преодна оценка за одржување на натпревари од најниската категорија.

Во тек градежни работи на стадионите „Чаир“ во Скопје, „Атина Бојаџи во Охрид, „Гоце Делчев“ во Прилеп и „Под Тумбе Кафе“ во Битола кои исто така треба да добијат нов лик.

Извор: Кајгана

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Секој гледа во туѓиот двор: Порака за Жан Митрев која покрена лавина од реакции на фејсбук

Поракава веднаш стана вирална и се уште многумина ја споделуваат и коментираат на социјалните мрежи. Откако во медиумите се проструи вест дека синот на Д-р...

Апасиев: Ај бркај работа – кој мислите дека сте вие, ќе тепате

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев денеска повторно покажа недолично однесување за функцијата којајаима, откако на прашање на новинар му одговори...

Заев се сретна со Мицотакис: Грција останува силен лобист и поддржувач на нашата земја

Партнерството засновано на доверба и пријателство го трансформиравме во сојузништво со членството на нашата земја во НАТО, а Грција останува силен лобист и поддржувач...

Бугарскиот новинар Крастев: Ќе биде голема грешка ако Бугарија ја блокира соседна Македонија на патот кон ЕУ

Николај Крастев, бугарскиот новинар, долгогодишен дописник од Западен Балкан и аналитичар, смета дека ќе биде голема грешка доколку Бугарија го блокира патот на Македонија...

Мајките на породилно ќе протестираат: Леб и сол ќе јадам, детето во градинка не го пуштам

Мајките на породилно ќе протестираат: „Леб и сол ќе јадам, детето во градинка не го пуштам” Мајките кои се на породилно отсуство в четврток ќе...
- Advertisement -