fbpx
19 C
Skopje

Се појави ВИДЕО од ситуацијата во кафеаната и нападот над пратеникот Максим Димитриевски

АКТУЕЛНО

Пратеникот од СДСМ, Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил објави фотографија и видео од напаѓачите и моменти од кафеаната, каде тој објави дека бил нападнат, додека подоцна од МВР истакнаа дека тој всушност бил нападнатиот.

Во продолжение целиот текст од Димитриевски и обраќање до својот поранешен колега советник Петковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почитуван поранешен колега советник г. Петковски, ве гледам и самиот се чудам како изнесувате лаги и невистини и самиот станавте маша на криминогениот режим, искрено ве разбирам, мора да дадете отчет за тендерите и услугите кои што вашата фирма ги врши за јавните и државни институции.

Веќе четврти ден трае обидот за монтажа на насилство и дело со кое жртвите ги претворате во злосторници, типично нешто за оваа власт. Ве разбирам и Вас но и насилниците кои што не нападнаа на мојата семејна веселба, вие само одработувате и се одолжувате на претпоставените.

Бидејќи СВР Куманово работи пристрасно и монтира случај веќе четири дена, има реален проблем да ги најде насилниците а во континуитет не ги зема во предвид нашите пријави, еве во интерес на јавноста ќе ви ги посочам и јавно кои се насилниците, кои што вечерта ја направиле оваа фотографија, татко полицаец и син, луѓе кои што сакаа да не линчуваат, за жал тие се само инструмент (Има тука и луѓе кои беа коректни).

На видеото јасно се гледа како таткото насилник удира колега од безбедноста и континуирано со синот насилник насрнуваат на нас, не само што не нападнаа и ни ја растурија веселбата да биде срамот поголем се теглеа и влечеа со жени и останатите гости а на сето тоа нивните колеги од СВР Куманово ги пуштија да си заминат.
Не сум изненаден, на вакви монтажи се жалат многу граѓани, многу невини лица се неправедно монтирани, обвинети и санкционирани од овој систем поради ставот да бидат различни од вас “патриотите”.
Добро е што оваа ми се случи на мене, еднаш за секогаш да го расчистиме криминогениот апарат во МВР кој што под плаштот на партизацијата го згази професионализмот, искрено жалам за лошите чувства на моите гости како и персоналот, но ветувам борба за одговорност на сите инволвирани.

Вие лажните патриоти го згазивте и урнисавте историското име на ВМРО, го поделивте народот и ќе одговарате за тоа.

Ние “предавниците” ќе го вратиме и конзервираме за да неможе друг како вас да се дрзне и да го злоупотребува за криминал, узурпација на државата и лично богатење.

Јасно е дека режимот пукна, прашање на време е кога целосно ќе се распадне, не манипулирајте со платформи тие се во функција на ваша одржливост.

– Не делете ги песните на патриотски или предавнички, тие се одраз на уметничка инспирација, јас како човек со достоинство кој си го сака народот и државата покрај моите ги сакам и сите останати песни кои не поттикнуваат взаемна омраза.

Ми должите извинување и вие почитуван поранешен колега но и мвр кое ме обвини со лажна информација пред време и од жртва ме направи насилник, како и да е го повикувам ОЈО час поскоро ex oficio да се вклучи во случајот, внатрешна контрола при мвр веќе работи…

Како и да е граѓаните се свесни за конструкциите.“

Почитуван поранешен колега советник г. Петковски, ве гледам и самиот се чудам како изнесувате лаги и невистини и самиот…

Posted by Maksim Dimitrievski on Sunday, April 9, 2017

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -