fbpx
9 C
Skopje

Се разочарав во човечкиот род: За да ме вработи, бараше да легне со мене

АКТУЕЛНО

Јоци: Каде е бранковото крило кое три години тртља по кафани?

И каде е ,,бранковото крило" кое три години тртља по кафани? Лешпери. Бар еден да се пријавеше за ,,уметнички дојам". Не, вие не сакате силно...

Бошковски удри по Мијалков: Плови Саша

Поранешниот министер за внатрешни работи, а сегашен советник во Владата на СДСМ, Љубе Бошкоски во јавноста објави видео од неговите митинзи со порака на...

Есkaлираше ситуацијата на Бит Пазар: Демонстранти со фантомки ја нападнаа полицијата

демонстранти со фантомки со камења и други предмети ја нападнаа полицијата, по што и физички тргнаа кон нив со цел да ги повредат, пренесува...

Фајзер со лоша вест за вакцините: Можно е да има потреба од трета доза на вакцини

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и...

Ве молам да не го објавувате моето име, бидејќи вака не сум била понижена никогаш во животот. Мажена сум и имам мала ќерка. Сопругот не е вработен, нешто подработува на диво амалски работи, ама тоа не доволно за да се покријат трошоците. Живееме под кирија, на поткровје. Јас неодамна останав без работа, па во потрага сум по нова работа.

Еден пријател на сопругот беше дојден кај нас на гости и му падна многу жал за нашата состојба. Ние не примаме милостина, но многу му бев благодарна на овој човек бидејќи ни остави нешто пари на заем. Викаше дека не треба да му ги вратиме парите, ама ние инсистиравме тоа да биде заем, барем да вратиме нешто од долгот за киријата.

Има опасност да не исфрлат на улица, бидејќи неколку пати не опомена газдата. Последниот пат кога ни тропна на врата ни рече дека многу му е жал, но дека и тој има финансиски проблеми и дека ќе биде принуден да не исфрли доколку не си го вратиме долгот.

Пријателов на сопругот, исто така рече дека познава некој човек кој е голем верник и дека им помага на луѓето. Бил на функција, па веќе вработил неколку жени. Не зимал пари како другите, немал тарифа, едноставно тоа го правел од хумани побуди и бидејќи имал моќ и положба, сакал тоа да го искористи за општо добро. Бидејќи јас сум школувана и имам некое искуство од банкарско работење, ми предложи да ми договори состанок со тој човек и да си ја пробам среќата. Можеби ќе има место и за мене.

По една недела се јави да ми каже дека успеал да ми договори состанок со човекот, но бидејќи тој е многу зафатен и со обврски, ќе може да ме прими дури после неколку дена, во 20 часот во неговата канцеларија.

Така и бидна, јас возбудена ко за пред испит, спремив докумнти за моето сиви, се дотерав и појдов. На портирница ме упатија на кој кат треба да се качам и како да ја најдам канцеларијата на човекот, чие име не можам да го кажам. Вратата беше подотворена, но секако тропнав и почекав некој да излезе. Се појави средовечен човек, ќе го изоставам неговиот опис, кој ме пречека со срдечна насмевка на лицето. Ме поздрави и со раката ми покажа каде да седнам на една кожна фотелја. Просторијата беше огромна, како сала за состаноци, со кожни гарнитури.

Беше пристоен, ме сослуша внимателно, ги разгледа моите документи, а потоа стана и ми се внесе со лицето. Ја допре по косата и ми рече дека сум била многу убава жена. Јас подрипнав, се тргнав и станав. Ја подаде раката за да ме опфати на половината, но тогаш јас рипнав и во паника се упатив кон излезот. Тогаш тој силна викна по мене да застанам. Ми се извини и ме замоли да се вратам и сериозно да поразговараме.

Ми објасни како стојат работите. Ако мене толку очајно ми е потребна работата ќе мора да легнам со него, само еднаш. Понатаму, ќе ја почитува мојата слободна волја и нема да инсистира. Веднаш ги отвори картите и ми кажа дека доколку прифатам, тоа ќе го направиме уште вечерва, сега и веднаш, а од утре ќе бидам вработена во банката со почетна висока плата. Јас почнав да плачам.

И еве, ќе ви признам, толку бев очајна, што после три чаши виски што ги испив додека разговаравме, се согласив да го направиме тоа, таму на кожната гарнитура. Очајно ми треба работа. И така, големиот верник ме уцени на секс само за да добијам работа. Точно, не ми побара пари за вработување, ама ми зеде нешто подрагоцено. Ја зеде мојата чест! Разочарана сум во човечкиот род! Нема веќе луѓе, не постојат!

С.П.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Јоци: Каде е бранковото крило кое три години тртља по кафани?

И каде е ,,бранковото крило" кое три години тртља по кафани? Лешпери. Бар еден да се пријавеше за ,,уметнички дојам". Не, вие не сакате силно...

Автомобил возеше во спротивна насока на скопска обиколница

Често на социјалните мрежи може да се видат видеа од дивеење со автомобили или мотори, а едно такво беше објавено и денеска. На социјалните мрежи...

Бошковски удри по Мијалков: Плови Саша

Поранешниот министер за внатрешни работи, а сегашен советник во Владата на СДСМ, Љубе Бошкоски во јавноста објави видео од неговите митинзи со порака на...

Есkaлираше ситуацијата на Бит Пазар: Демонстранти со фантомки ја нападнаа полицијата

демонстранти со фантомки со камења и други предмети ја нападнаа полицијата, по што и физички тргнаа кон нив со цел да ги повредат, пренесува...

Фајзер со лоша вест за вакцините: Можно е да има потреба од трета доза на вакцини

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и...
- Advertisement -