11.5 C
Skopje

Се реконструира првата спортска сала во Делчево

АКТУЕЛНО

По повеќе од две децении се реконструира спортската сала во деветолетката Ванчо Прке во Делчево. Инвестицијата е вредна 2,5 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на училиштето.

-Во тек е реконструкција на првата спортска сала во Делчево која наскоро ќе добие современ лик, а спортските работници и учениците ќе имат одлични услови за работа. Согласно со проектот се заменува стариот азбестен кров, а исто така се врши и замена на фасадната столарија, каде што старите метални прозори се заменија со термоизолирачки ПВЦ- прозори, информираа од училиштето.

Во рамки на проектот, како што додадоа, ќе се реконструира и теренот за одбојка.

-Во рамки на градежните акитивности е предвидено и поставување на повеќеслоен, еластичен ПВЦ-под, а ќе се реконструираат и патеките кај влезовите на објектот со поставување рампа за инвалидизирани лица по што на крајот ќе се асфалтира и теренот за одбојка, додадоа од училиштето.

Согласно предвидениот рок градежните активности треба да завршат според предвидениот рок од 60 дена.

Извор: Делчево365.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

И Сашо Мијалков се прости од Амди: Беше легенда 102, 3 %, ќе бидеш долго запаметен на јавната сцена

Драг пријателе, Беше легенда 102,3%, вели Сашо Мијалков по повод смртта на Амбди Бајрам. – Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен...

Бројките се повторно страшни: За последните 24 часа од 1524 тестови, позитивни на Ковид-19 во земјата се дури 404 случаи

Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 172, Куманово 15, Дебар 4, Штип 8,...

Васко Ефтов: Што не можел да направи Дурловски, а го зборувал? – дали поради ова Дурло го врати мандатот?

Веќе втор носител, од вкупно шест носители на изборните листи на ВМРО ДПМНЕ, си поднесе оставка во последните два месеци. Вчера, носителот на изборната листа...

ТАЖНА ВЕСТ Еден од најпопуларните политичари почина: Амди почивај во мир

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Фокус доби потврда од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат. Амди Бајрам пред само 6 дена...
- Advertisement -