fbpx
2 C
Skopje

Сè што сакате да знаете за 5G технологијата

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Што е 5G технологија?

Пет Џи (5G) мрежите се најновата генерација на поврзаност на мобилен интернет, нудејќи многу поголеми брзини и постабилни врски на смарт телефоните и другите уреди, од кога било порано. Со 5G врската се очекува брзината на симнување податоци од интернет од 1GBps да стане вообичаена норма. Со помош на 5G мрежите се обезбедува телекомуникациска инфраструктура преку која може да се врзат милиони уреди и да се испраќаат огромни пакети податоци, досега незамисливи. Колку за илустрација, 5G може да поддржи милион уреди на квадратен километар, а 4G – 100.000 корисници, се вели во истражувањето на Ф2Н2, пренесува Нова ТВ.

Употреба

Прва земја која ја усвои 5G технологијата е Јужна Кореја. Само неколку часа по неа употребата на 5G почна и во неколку градови во САД, а потоа и во неколку други земји. Пет Џи радио хардвер засега продаваат „Хуавеи“, „ЗТЕ“, „Нокиа“, „Самсунг“ и „Ериксон“. Поголема употреба на најновата технологија се очекува во 2020 година. Мрежата користи спектар фреквенции од 600 MHz до 6 GHz и, исто така, користи милиметарски бранови со спектар од 24 до 86 GHz.

Појаснување

Aко ова делува збунувачки, се што треба да знаете за фреквенцијата на 5G е дека различни компании користат различен спектар за да пренесуваат 5G податоци, се наведува во текстот на Ф2Н2. Радио брановите вклучуваат екстремно ниска фреквенција (ELF), ултра ниска фреквенција (ULF), ниска фреквенција (LF), средна фреквенција (MF), ултра висока фреквенција (UHF) и екстремно висока фреквенција (EHF).

Еден дел од радио спектарот има висока фреквенција од 30 GHz и 300 GHz и често се нарекува милиметарска фреквенција, поради должината на брановите од 1 до 10 милиметри. Овие бранови се популарен избор за 5G, но, исто така, се користат и во радио астрономијата, телекомуникациите и радарските пиштоли. Зошто се битни овие милиметарски бранови? Затоа што можат да пренесуваат огромни количини податоци за многу брзо време.

Загриженост во САД

Овој спектар е многу близок до оној што го користат изворите за информации за временска прогноза, системите за набљудување на состојбите на Земјата, националната безбедност, итн.

Дел од научниците предупредуваат дека е можно мешање на фреквенциите и губење на ефективната контрола што крајно може да се одрази врз јавната безбедност. Први ваква загриженост демонстрираа во Одделот за трговија при американскиот Стејт Департмент. Државниот секретар за трговија Вилбур Рос неодамна изјави дека со имплементацијата на 5G технологијата „се ќе биде поврзано со се“, односно се развива таканаречениот „Интернет на работите“ предупредувајќи на опасност по националната безбедност, ако на кинескиот гигант „Хуавеи“ му се дозволи да инсталира 5G инфраструктура во САД.

САД, исто така, побараа од земјите сојузници да ја забранат употребата на опремата на „Хуавеи“ во нивните 5G мрежи, со предупредување дека Пекинг може да ја злоупотреби оваа инфраструктура од чувствителни податоци за шпионирање. Оваа забрана, според аналитичарите ќе ја забави примената на 5G технологиите во САД, иако неколку градови веќе се приклучија кон оваа технологија. Додека Русија со информациска пропаганда пласирана во земјите од западниот свет ја успорува имплементацијата на 5G технологијата, Вашингтон го забрани „Хуавеи“ за било какво вклучување на 5G мрежата во САД и се закани дека нема да дозволи Хуавеи да користи американски софтвер и други компоненти потребни на овој телекомуникациски бизнис.

Според ShareAmerica.gov, наведува Ф2Н2, кинеските телекомуникациски провајдери, според закон се обврзани да им служат на интересите на кинеската влада и нејзините служби за разузнавање. Ако „Хуавеи“ или некој друг кинески производител на опрема ја изгради основната 5G инфраструктура во една држава, тогаш кинеската влада би имала можност да врши контрола врз таа мрежа.

„Со сите услуги кои што произлегуваат од 5G мрежата, влогот во заштита на овие витални мрежи не може да биде поголем” истакнува Роберт Страјер ,сајбер дипломат во Американскиот Стејт Департмент.

Според негова изјава дадена за PBS News Hour „навистина, не постои разлика помеѓу компаниите од приватниот сектор и Владата во Кина. Кинеската влада може да ги принуди компаниите да дејствуваат. Тие се предмет на комплетна контрола на кинеската Комунистичка Партија“

Руска пропаганда

Во 2018 година „Russia Today“, ТВ канал поддржуван од Москва, почна да објавува емисии и прилози поврзани со штетните ефекти по здравјето, без да приложи било какви научни докази, тврдења или студии. Обидите да се направи штета на 5G репутацијата се зголемија во 2019 година. Стории, емисии, прилози, првенствено на медиуми кои функционираат со руска поддршка, почнаа да шират предупредувања за влијанието на 5G врз здравјето, болести како рак на мозок, аутизам, неплодност, Алцхајмер, итн.

Истовремено, додека се шират овие дезинформации, или во најмала рака непотврдени информации и шпекулации, рускиот претседател Владимир Путин наредува лансирање на 5G мрежата во Русија во февруари во 2019 година.

„Њујорк Тајмс“, во текст од 12 мај во 2019 година со наслов: „Вашиот 5G телефон нема да ве повреди, но Русија сака да мислите поинаку“, открива како работи руската пропаганда преку нивната телевизијата RT, финансирана од Москва. Додека светот се натпреварува кој прв ќе воведе 5G технологија која ќе ги поврзува автомобилите, фабриките и градовите, руската телевизија во емисија со наслов „Опасен експеримент врз човештвото“, шири невистини и наводни скриени последици од 5G, вели „Њујорк Тајмс“.

Целиот текст на НОВАТВ.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Три хороскопсkи знаци кои од 30 јануари до 20 февруари ги очекуваат предизвици

Веќе во првиот месец од 2021-та година се соочуваме со ретрограден Меркур кога од моќниот Меркур можеме да очекуваме предизвици на полето на комуникацијата,...

Испливaa тајни снимkи од болницата: Ова е голем сkандал, лекари со хармоника и оро кај луѓето со Kовид-19 во Хрватска

Медиумите во Хрватска објавија за сkандалозна видео снимkа во најголемата kовид болница во Хрватска Дури луѓето маka мачат некој си прави голема забава во koвид...

Професорkа сум по математика и се до ова утро имав совршен брак

Професорка сум по математика и се до ова утро имав совршен брак Професорка сум по математика, имам 44 години и се до утрово имав совршен...

Снимkата на ТиkТок собра над 5 милиони прегледи: Бабичката измеша ментол бомбони и Кока кола

Една баба се снимала како прави експеримент со Кока кола и ментол бомбони на Тик Ток, велејќи им на гледачите дека мора да види...

Алеkсандар Вучиќ оди чеkор напред: Најавува нешто што не постои во многу држави (фото)

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија. Како што се наведува во неговата објава на Инстаграм,...
- Advertisement -