13 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се сретнале Вистината и Лагата – приказна која секој треба двапати да ја прочита

Еден ден се сретнале Вистината и Лагата. Лагата рекла: “Денес е прекрасен ден!” Вистината погледнала кон небото, денот навистина бил прекрасен.

Оделе некое време заедно и дошле до бунар. Лагата рекла: “Водата е многу убава, ајде да се искапеме заедно!” Вистината сомничаво ја пробала водата и открила дека навистина е многу убава. Се соблекле и почнале да се капат.

Одеднаш, Лагата излегла, ја зела облеката од Вистината и избегала. Налутена, Вистината излегла од бунарот и почнала да ја бара Лагата за да си ја врати облеката. А светот, гледајќи ја голата Вистина, го свртел погледот настрана, со презир и бес.

Сиромашката Вистина се вратила во бунарот и исчезнала засекогаш, криејќи се во него, засрамена. Оттогаш, Лагата патува низ цел свет облечена како Вистина и ги задоволува потребите на општеството, затоа што светот нема никаква желба да ја види голата Вистина.

(слика: “Вистината излегува од бунарот” – Жан-Леон Жером, 1896.)

(од Слободен свет)

Фејсбук статус на Жарко Василевски. Прочитајте во ОВДЕ.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.