fbpx
5 C
Skopje

ЈА СТРЕСЕ И МАКЕДОНИЈА: Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер ја погоди нашата соседна земја Грција

АКТУЕЛНО

Прочитај повеќе во продолжение на текстот

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер во 18:38 часот е регистриран на 31 километaр од Лариса, а со помал интензитет е почувствуван и во Македонија.

Ова е втор по јачина од серијата земјотреси што го зафати овој регион во Грција. Најсилниот беше со јачина од 6,3 степени по Рихтер.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ вести: Според Милошовски Фрчковски нема да биде амбасадор во Вашингтон

„Во следните денови се очекува владата да го повлече предлогот за номинација на Фрчкоски за македонски амбасадор во Вашингтон“, напиша поранешниот министер и член на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил.

Според него, ова ќе биде последица на реакциите од страна од стратешкиот партнер кои пред неколку дена по дипломатски пат стигнале директно и до премиерот Зоран Заев, со прашање дали е сигурен дека Фрчковски би можел да добие НАТО безбедносен сертификат, што е предуслов за размената на строго доверливи информации на највисоко државно ниво.

„Заев се правдал дека нема детални информации на таа тема за предложениот амбасадор, но дека ќе разговара со Фрчкоски за да му понуди друга функционерска опција, надвор од дипломатијата“, стои во Фејсбук статусот.

За Фрчкоски минатиот месец беше дадена согласност во Владата, по што веднаш била започната процедурата за обезбедување на агреман и се чекал одговорот. Но, високи дипломатски извори потврдуваат дека согласност од Вашингтон не е добиена.

Фрчковски е универзитетски професор, а од неодамна го напуштил Правниот факултет на УКИМ и сега е ангажиран на приватниот универзитет ФОН.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -