fbpx
5 C
Skopje

Нов Зеланд се тресе како вејка на ветрот: Трет силен земјотрес. Издадено предупредување за цунами

АКТУЕЛНО

Трет силен земјотрес го погоди Нов Зеланд за само неколку часа. Магнитудата овој пат беше 8,1 степен, што е најсилна од трите земјотреси.

Можни се бранови во висина од три метри.

Епицентарот на третиот земјотрес беше повторно во близина на островот Кермадек, исто како и вториот земјотрес што ја погоди оваа земја малку порано.

Повторно беше издадено предупредување за цунами во Нов Зеланд, а граѓаните во одредени крајбрежни области беа повикани да одат во повисоките области.

Можни се триметарски бранови на цунами на североисточниот брег на Нов Зеланд како резултат на разорниот земјотрес.

Синоќа се нареди евакуација на крајбрежјето во Нов Зеланд, Нова Каледонија и Вануату, откако беа забележани бранови на цунами по два силни земјотреси во Јужниот Пацифик, од кои едниот беше со јачина од 8,1 степени.

Забележани се бранови на цунами, предупреди центарот за предупредување за цунами со седиште во американската држава Хаваи. Центарот наведува дека веќе се измерени мали бранови во близина на главниот град на островот Тонга, Нукалофе.

Земјотрес со јачина од 8,1 степени според Рихтер ги потресе ненаселените острови во Пацификот во Нов Зеланд, предизвикувајќи евакуации и предупредувања за цунами низ Јужниот Пацифик.

Тоа беше втор голем земјотрес во областа во период од неколку часа. Земјотрес со јачина од 7,3 степени по Рихтер разбуди многумина во текот на ноќта во Нов Зеланд.

По двата земјотреси, беа издадени предупредувања за цунами, но се чини дека ниту еден не го загрози населението или објектите.

Цивилната заштита на Нов Зеланд ги повика сите локални жители долж целиот брег на земјата, доколку почувствуваат силен земјотрес повеќе од една минута, да одат на повисоките делови или што е можно подлабоко на копното.

За некои делови на крајбрежјето на северо-исток од земјата е наредена итна евакуација.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -